СТОМНА ПЛАНИНСКА ВОДА
(Запис од Лазарополе)
Си
заспал цврсто, како да те поклопила планината.
Наеднаш œ тресок во сонот. Стомната се скршила, летаат глинените
парчиња, водата се разлева, шуми
и те префаќа до грло;
расне водениот лик на шумскиот дух.
Осамен,
вреснуваш
и веднаш се разбудуваш.
Вратата на твојата соба е отворена, стомната е во аголот,
на старото место, полна со вода.
Само
слушаш;
некаде среде шумата клокоти изворот,
и водениот дух повторно се радува
што & побегнал
на твојата мрачна стомна.
ЛЕТО. МЕТЕОР
Двајца
под сртот се љубат во ноќта и житото зрее.
О
благо лето
и на небо стежнал се рони
модриот грозд на прозрачноста.
Метеорот
што паѓа сега е небесен дар
за срцето на љубовниците и оган свет
за семето на венчалните плодови.
Но
веќе е
длабоко зариен тој пламен
во кристалот на минералите и веќе одамна стине металот врз бакнежот
што станал камен.
И
расте тој,
карпа под месечина,
за да се потпре болката повисока од него.
КАРМА:
ДРВО
Дали,
кога, во кое друго време,
од која семка повторно
ќе се крене ова дрво
што цвета секоја пролет
на дофат на мојот прозорец
и дали ќе се сети
на оние двајца што се љубат
под него овој миг,
на ведрата сенка
што им го порабува длабокиот бакнеж
а потоа се згуснува
и паѓа тешка
врз нивното срце;
дали повторно ќе се сетат
неговите лисја
на нивната воздишка,
и дали не од ветерот
а од неа ќе растреперат
под ѕвездите на некое идно столетие?
|