Млади,
гневни поети
Најважно
е тоа што ќе остане по гозбата!
Речиси на секои пет-шест години
На сцената се појавува нова генерација млади,
Гневни поети спремни да го сменат светот.
И навистина,
со право се гневни; толку е
Неподнослив поетскиот трулеж наоколу;
Толку валкан сентиментализам којшто
Предизвикува бес; фолклорни демони
Кои треба да се прободат со глогов колец.
Но, оф
– тоа е прастара ујдурма –
Кусо потоа, гневните поети кои седат
По кафеаните и остануваат до зори, се заморуваат
Од својот гнев, од секојдневието, од сознанието,
Дека ова е свет на последици, а не на причини, и
самите
Стануваат места на новото, младо поколение гневни
Што пристигнуваат, ситуирани во транс.
И само
еден од нив (тој што е понизен пред
Темните огледала во себе) како прастар египетски
Скарабеј во ќилибар го продолжува својот живот.
СВП
2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“