| |
Оса
„Само едно крило од прозорецот подотворив“
Овид, „Аморес“
Високо
над нашиот кревет – оса.
И таа стројна
египетска кралица
танцува на жешкиот воздух,
се врти, трепери во сончевиот зрак,
ѕвони меѓу завесите, слегува,
до една бледа дуња, се врти в круг
и пак се крева, се лизга, зуи,
во кругови наближува кон дуњата
и наеднаш главата и тоне
во тунел од плодот.
Сака сета
во него да се мушне.
Внатре
да влезе сосе осило и крила.
со шмукалото сокот да го шмука,
ида нурне во влажната утроба,
да молсне како ровја,
да стаса се до слузавото семе,
а ние да го чуеме нејзиниот татнеж,
небаре страшните бранови на Потопот,
и во сплесканото бледило да исцеди
сјајна капка што брзгнала од мракот.
СВП
2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“
|
|