Ветерот
од Отранто
Овој ветер кој вечерва шепоти
ист е што ме следи
повеќе од педесет години
ми шепоти за залудното пишување –
ништо не се променило
само трае однесувањето на патувањето
Чие? Моето ли? Или Твоето?
Се правам највешт
занејќи дека ме издава срамот
и руменилото на лицето
зашто останувам без одговор.
Што да се одговори?
Се менуваат границите,
паѓаат главите,
се раѓаат Царствата;
тој шепоти, а јас
и понатаму пишувам како во тоа
во најмала рака зависи Спасувањето на Светот.
СВП
2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“