Reallity
show
немате работа, немате пари,
пензиите доцнат,
штрајковите пропаѓаат,
но имате Music Talents.
тие ви подаруваат џиновска илузија,
сон со локална етикета
во кој за Вас конструираме ѕвезди,
и ги пумпаме со силиконски гламур.
ве лансираме во ѕвезденото небо
од каде ко метеори
паѓате право во лавјата челуст
на глобалниот шоу бизнис.
со светлината од рефлекторот ја осветлуваме
вашата хероинска зависност
од виртуелна среќа.
Утро
Фабриката
пали цигара,
Издишува чад кон озонската обвивка.
Камионот за ѓубре
Го поткрева контејнерот
Како филџан утринско кафе.
Тролејбусот се лизга по улицата
Измиена од кисел дожд.
Топлиот смог се вовлекува низ прозорецот
И остава траги врз мене.
Започнува секојдневен ден.
Купидон
Купидон денес има пиштол со голем калибар.
Веќе не гаѓа в срце,
Туку со дум-дум куршуми пука в грб, в желудник,
Или во колено.
Од љубовникот прави сакат.
Купидон не е румено момче
Со лак и стрела.
Тој е наплатувч на долгови со питбул на синџир.
Неговата работа е најстариот бизнис,
Тој води пазарна војна,
Во која како и во љубовта
Се е допуштено!
СВП
2006
Избор „Мостови“