Ser,
Serena, Serenitas
Не
зборувам за чуда,
ни за мистицизам ни за гносис, не.
Зборувам за исполнетиот и уште пополн живот
што пука по шевовитте, медено зреејќи.
За непосредниот допир меѓу кора и плод, за радоста
кога сензуално ти се вклопува во кожата.
Зборувам за раскошот од живеење што се одвива
преку порите, што избива и отпочнува нова полнотија
која ги поплавува бескрвните
за да ги спојат нивните глави со скелињата.
За
сокот со препознатлив вкус ти зборувам.
За моменталното и бесконечно уживање во секојдневието,
за среќните детски раце што ги гмечат своите први јагоди
па тие им капат се до лактите дури ги приближуваат кон
усните.
За среќна околност да бидеш жив, да им се опираш
на клишеата.
Не
се плашам од конфликти, конфронтации,
гнев, од разидувајња, очај, не,
туку од задушлив здив
кој нечујно и невидливо го зазема просторот,
ограничувајќи и разграничувајќи го,
труејќи го животот и местото во кое живее-
и излегува од испревртената уста
на тие чии глави се вкопани во песокта, со нозете
се уште на катовите од заблуди, во ефемерните
атмосферски наслаги.
Април
11, 2004
СВП
2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“