|
OЗГОРА
Ангелот
се размавнува
со пламнати четива
низ прамените на ноќта
што се шират
како наметка
Подготвени
да прилегнат
врз кревкото рамо
Глагол
без дно
со кристална игла
моринките во студеното легло
одамна што го обложиле
детето
Озгора
ги вади
подгорени
Портите
во сводот
зад коравите петици
да ги остави
ХАМЛЕТ СЕ ОСВРНА
Единствената
врвица што ја фрлија
пред овие кревки, светликави
глуждови За воздух што копнеат
А закржлавени зад хоризонтот
се прикажуваат
Сталожена,
леплива кал
беше, е, ќе биде
Кај множество од стапици
расеани ми се виде Гнојни
врутоци што во мене длабат
А
твојата душа со лузни
бележана Што се чини
закоравени дека лежат
Дур сонуваат за оној
повтор сочни што ќе ги стори
Во
ова ли Пресно
Улиште што реа
на распад шири
Зар во мене бара мед,
зблудена?
|