МАЈА
АПОСТОЛОСКА
Маја Апостолоска
е родена на 07. 12. 1976 година. Дипломирала на Катедрата по
општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет Блаже
Конески - Скопје, каде моментално е на постдипломски студии
на Катедрата по македонски јазик. Авторка е на стихозбирките:
Заиграј, веќе, мастилаво! (Зумпрес, Скопје, 2000 год.)
и Прекин на комуникацијата (Бата пресс, Скопје, 2004
год.). Со Ј. Т. Етернијан го имаат приредено изборот од современата
македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви,
кој излезе како тематски број на списанието Стремеж
(11.12) во 2000 година. Во периодиката објавува поезија, книжевни
критики и препеви.
|
 |
| |
НИКОГАШ
ПОВЕЌЕ, ЛЕНОРА!
Добрата
соба
домаќинот го чека.
"Заиграј веќе мастлаво!"
Потем сините траги ...
Благи
ли се гробниците
насмеани за гости,
та чукањето да е токмуглаво
со цело чекање
на птичјиот гргор?
"Застани!"
Декември
во патетичен стрес
интересно продлабочува
версуси.
Мелодрами за мелолудаци!
Ленора,
драга моја,
фигуративно заминуваш?
|
|
Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Nazad
|